ПСЖ не стана најдобриот француски тим во историјата, Енрике порача: Не е пораз што боли!

1

Пари Сен Жермен загуби од Ница со 1:3 (1:1) на „Паркот на принцовите“. По овој меч тимот на Луис Енрике ја пропушти шансата да стане француски рекордер по бројот на последователни натпревари без пораз. Тоа сепак ќе остане тимот на Нант од сезоната 1994/95, кој „врза“ 32 натпревари без поразен. ПСЖ застана на 30.

„Не е пораз што боли. Би сакал да им честитам на Ница, кои одиграа сериозен натпревар. Тие се бранеа многу добро, имаа 30 шанси. Сакавме да го имаме истиот натпревар со Арсенал, да имаме 30 шанси. Ќе направиме сè што е можно за навивачите. Ница имаше исклучителна дефанзивна изведба, но мораше да победиме“, изјави Енрике.

Makedonski