Достоинство оддаде почит на осуммината загинати бранители на денешен ден 2001 година кај Вејце

2

„Во 2001 година, на денешен ден, токму на ова место, во најкрвавата заседа во близина на шарпланинското село Вејце загинаа осуммина македонски бранители – четворица припадници на армиските специјалци ‘Волци’, како и четворица припадници на посебната полициска единица од Битола. Во нивна чест, делегацијата на достоинство запали осум свеќи и положи букет со 8 црвени ружи. Споменот на нашите херои од 2001 година никогаш нема да замре, барем во нашите сеќавања“, кажа Ангелов во неговото обраќање на неговиот Фејсбук–профил, од местото на настанот, кај Вејце,  .

Меѓу другото тој истакна и дека во текот на денешниот ден, членови на семејствата на загинатите бранители од заседата кај Вејце како и државни, полициски, армиски и други делегации, ќе одадат почит и ќе положат цвеќе пред споменикот на загинатите бранители во заседата кај Вејце, „Ангел”, кој се наоѓа до градскиот часовник во центарот на Битола, како и пред споменикот на загинатите бранители во заседата кај Вејце во кругот на СВР Битола. Воедно почит ќе биде оддадена и пред споменикот на загинатите бранители во заседата кај Вејце во касарната Илинден во Скопје и пред неколку други индивидуални споменици на загинатите бранители од заседата кај Вејце.

„Да не се повтори, да не се заборават! Вечна ви слава, херои македонски! “, порача Стојанче Ангелов од Вејце за осуммината загинати бранители на 28 април 2001 година: Игор Костески (26) од Скопје,  Роберт Петковски (27) од Скопје,  Бобан Трајковски (28) од Куманово, Миле Јаневски (30) од Македонска Каменица, Илче Стојановски (24), Кире Костадиновски (24), Бошко Најдовски (24) и Марјан Божиновски (27),сите од Битола.

 

 

Makedonski