Хуманитарниот фудбалски натпревар помеѓу ветераните на Бугарија и Македонија ја реализираше својата зацртана цел

11

Вчера на градскиот стадион во Варна, Бугарија беше реализиран хуманитарниот фудбалски натпревар помеѓу ветеранските тимови на Бугарија и Македонија.

На натпреварот беа присутни нешто повеќе од 8.000 гледачи, а покрај фер играта која беше покажана на теренот уште еден резултат остана на задоволство на сите гледачи и добронамерници. Имено на овој хуманитарен натпревар беа собрани над 60.000 евра кои треба да бидат наменети за семејствата на загинатите и повредени во трагичната несреќа која што се случи на 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Натпреварот помина во фер атмосфера и заврши со резултат 2:3 за гостинската репрезентација на Македонија.

 

Makedonski