Симеоне го продава еден од своите најдобри фудбалери!
Раководството на Атлетико Мадрид има големи амбиции за летниот преоден рок. Диего Симеоне прави напор “јорганџиите“ да се засилат барем со двајца екстра квалитетни играчи. Се споменуваат Енцо Фернандез, потоа Кристијан Ромеро и Алекс Баена.
Но за тоа да се случи ќе требаат пари, па затоа медиумите во Шпанија почнаа со шпекулации дека Симеоне е подготвен да го продаде еден од своите најдобри или клучни играчи. Планира да го стави Родриго де Пол на трансфер листа.
Факт е дека Аргентинецот без проблем ќе си најде нов клуб, а Атлетико за него има намера да бара голема сума на пари. Инаку договорот на Де Пол со Атлетико Мадрид му истекува во јуни следната година.