Поднесена иницијатива за преименување на паркот „Бановина“ во Лисиче
До Комисијата за именување на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти на Советот на Град Скопје е поднесена иницијатива за промена на името на паркот „Бановина“ кој се наоѓа во Лисиче, општина Аеродром.
Поднесуваме иницијатива, паркот на ул. „Георги Калчев“ во Лисиче, општина Аеродром да се именува со: ОСМИ СЕПТЕМВРИ
(Ден на независноста на Македонија).
Во образложението на иницијативата се вели:
На ова место во месноста викана „Бановина“ е изграден парк кој го носи ова име. Општо познато е дека терминот „Бановина“ се користи за административно-територијални единици во времето на Кралството Југославија, а на чело на бановината се поставувал Бан, именуван од кралот.
Од овие причини сметаме дека користењето на името „Бановина“ во општина Аеродром и Град Скопје е најблагоречено – неприфатливо.
Како подносител на иницијативата за преименување на паркот „Бановина“ во Лисиче се потпишува Општинскиот комитет на ВМРО-Народна партија од Аеродром.