СДСМ го стартува процесот за избирање на кандидати за локалните избори

4

Централниот одбор на СДСМ донел одлука со која се овластува партискиот лидер Венко Филипче да отпочне разговори со постојните коалициски паартнери како и со потенцијални нови коалициски сојузници за настап на претстојните локални избори.

СДСМ ја почнува постапката за утврдување на кандидатите за советници и градоначалници за претстојните локални избори.
Одлуката за старт на оваа постапка, е донесена на синоќешната седница на Централниот одбор (ЦО) на партијата. Во оваа насока, ЦО на СДСМ го усвоил правилникот и роковникот за постапката, како и начинот и критериумите за утврдување на кандидатите на СДСМ.

Преку отворена, инклузивна, транспарентна и демократска внатрепартиска постапка, СДСМ заедно со своето членство ќе ги избере најдобрите кандидати за локалните избори. Целта е СДСМ да биде претставена од способни и кредибилни личности, кои уживаат доверба и во својата околина, и меѓу сопартијците, но и од граѓаните кои живеат во општините. Луѓе кои можат да испорачаат резултати и имаат капацитет да ја спроведат програмата со која партијата ќе настапи пред граѓаните.

велат од Социјалдемократскиот сојуз по синоќешната седница на ЦО.

Makedonski