ССМ за утрешниот традиционален протест: Протестираме за најмалку 500 евра минимална плата
И оваа година ССМ ги повикува своите членови на традиционален првомајски протест „за најмалку 500 евра минимална плата.“
Нашите барања не се од денеска, не започнаа од вчера и нема да завршат утре.
Протестот е начин на изразување на незадоволството од висината на платите што ги примаат работниците во Македонија.
Трендафилов истакна дека утрешниот протест ќе започне во 11 часот пред Работничкиот дом со рута на движење од Собранието на Македонија преку Стопанската комора до Владата.
Нема да има сендвичи, но ќе се протестира за работниците да може да се изборат не само за сендвич туку за да може да обезбедат далеку повеќе работи за семејствата.
истакна Слободан Трендафилов, претседател на ССМ.