Во Кина нема простување: Екс-селекторот ќе мора да оди 20 години во затвор!
Поранешниот селектор на кинеската фудбалска репрезентација Ли Те ја изгуби жалбата поднесена поради затворската казна од 20 години изречена во 2024 година за вмешаност во корупциска шема, објави државната новинска агенција Ксинхуа. Поранешниот играч од средниот ред на Евертон и Шефилд Јунајтед беше осуден за примање мито.
Судот информираше дека преку мито, Ли Те ги избрал некои од играчите за репрезентацијата и на тој начин им помогнал на разни клубови на трансфер пазарот.