Рускиот патријарх Кирил му го честита роденденот на архиепископот Охридски и Македонски Стефан
Патријархот Московски и на сета Русија г.г. Кирил вчера упати честитка до архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан по повод неговиот 70-ти роденден. Во честитката објавена на официјалната интернет страница на Руската православна црква, што ја пренесува литургија.мк, патријархот Кирил му посакува на архиепископот Стефан здравје, душевен мир и уште многу години предстојателска служба.
Во продолжение ја пренесуваме во целост честитката од рускиот патријарх:
– „До Неговото Блаженство,
Блаженејшиот Стефан,
Архиепископ Охридски и Македонски,
Митрополит Скопски
Ваше Блаженство, возљубен Собрат и Сослужител пред Божјиот Престол!
Христос воскресе!