Македонија со пад од 6 места на Индексот за слобода на медиумите
Северна Македонија бележи пад од 6 места на Индексот за слобода на медиумите за 2025 година на Репортери без граници (РБГ). За разлика од минатата година кога беше на 36 место, оваа година е на 42 позиција.
Репортери без граници ја оценува состојбата со слобода на медиумите во земјава како „задоволителна“.
„Иако новинарите не работат во непријателска средина, широко распространетите дезинформации и недостатокот на професионализам придонесуваат за намалување на довербата на општеството во медиумите, што ги изложува независните медиуми на закани и напади. Исто така, владините претставници имаат тенденција да имаат лоши и понижувачки ставови кон новинарите,“ се наведува во општата оценка за Македонија.
Во образложението на РБГ пишиува и дека „владините претставници имаат тенденција да имаат лош и понижувачки став кон новинарите“.
Оценката на Репортери без граници за земјава се базира на неколу индикатори – Медиумски пејзаж, Политички контекст, Правна рамка, Социокултурен контекст, Безбедност.
Во регионот Србија бележи раст на индексот за две места (96/98), Црна Гора раст за три места (40/37), Босна и Херцеговина бележи пад од 5 места (81/86), Косово пад од 24 места (75/99), Албанија бележи раст од 19 места (99/80), Бугарија има пад од 11 места (59/70) и Грција со раст од едно место (88/89).