ДПМНЕ се врати – слободата на медиумите замина, пад на слободата после 8 години

4

Социјалдемократскиот сојуз на прес-конференција посочи дека најголемата заслуга за падот на Македонија во однос на Индексот за слобода на медиумите за 2025 година ја има токму ВМРО-ДПМНЕ.

 

За прв пат после 8 години Македонија бележи пад од 6 места на Индексот за слобода на медиумите за 2025 година, објавен од „Репортери без граници“.
После осум години постојан напредок под водство на владите на СДСМ ваков драстичен пад се случува за прв пат.

кажа Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, слободата на медиумите се гуши, новинарите се под притисок, а медиумскиот простор се стеснува. Денес тоа повторно се случува.
„Репортери без граници“ алармираат дека новинарите се изложени на закани и напади, а владините функционери покажуваат понижувачки ставови кон медиумските работници.
Ја повикуваме јавноста, граѓанските организации и меѓународната заедница на будност, ова се загрижувачки тенденции.

На прес-конференцијата беше кажано дека „СДСМ останува цврсто на страната на слободното новинарство и ќе продолжи да се бори против секоја форма на цензура, притисок и медиумска репресија.“

Инаку најновиот извештај на „Репортери без граници“ известува дека Р.С. Македонија бележи пад од шест позиции на Светскиот индекс за слобода на медиумите и во моментов се наоѓа на 42 место.

 

Makedonski