Вреди во Слупчане го слави 2 мај како ден на прогласување на слободна зона
„По два месеца напнатости и жртви, 2 мај стана симбол на отпор и решителност за живот со достоинство на својата земја за секој жител, без разлика на етничката и верската припадност. 2 мај е денот што ги потсетува помладите генерации на пролеаната крв, на мајките кои ги дадоа своите синови за еднаквост и правда, на мачениците кои ги оставија зад себе своите имиња напишани на плочите на вечноста“, соопшти денеска коалицијата Вреди, која е дел од владиното мнозинство.
На видеото објавено на фејсбук-профилот на министерот Фетаи се гледа и музејот на УЧК кој беше отворен на денешен ден пред три години, а беше прогласен за дивоградба. Официјално и споменикот на УЧК во Слупчане е дивоградба, но нема кој да го спеоведе. Во објавата Фетаи се заблагодарува на поранешните војници на УЧК и пишува дека „Слупчане не е само место, туку олтар на слободата, честит 2 мај, ден на прогласувањето на слободната зона Карадак“.
На првата снимка на профилот на министерот Фетаи се гледаа знамиња со голема Албанија, па по интервенцијата тој дел од снимката беше избришан.
Споменикот на УЧК во 2022 година го отвори Али Ахмети, лидерот на ДУИ. Тогашниот претседател на Македонија Стево Пендаровски рече дека објектот е дивоградба. Споемникот беше отворен беа дозвола од министерствата за култура и за транспорт. Општина Липково за овој објект плати 200 илајди евра.
Денеска лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, присуствуваа на одбележувањето на 2 мај во Слупчане. По пристигнувањето на манифестацијата, Ахмети и Таравари се поздравија со ракување и седнаа на своите места.