Откажани сите настани во охридскиот Центар за култура „Григор Прличев“, не ги исполнувал стандардите

4

Поради исполнување на одредени технички услови задолжителни за установи од областа на културата и санирање на недостатоците, во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид привремено е прекинато одржување на настани, пренесоа локалните медиуми.

-Согласно допис од Министерство за култура и туризам на Р.Македонија, имаме насоки за времен прекин на настани во нашата Установа, заради реконструкција на хидрантна мрежа, громобран и систем за детекција на пожар, велат од Центарот за култура.

Оттаму не наведуваат повеќе детали околу траењето на прекинот во активностите и обезбедувањето на условите неопходни за одржување на настани.

Makedonski