Момче уби девет ученици и училишниот чувар – две години од масакрот во „Рибникар“

4

Во сабота се навршуваат две години од масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, кога тринаесетгодишен ученик застрела девет ученици и еден чувар на училиштето, а рани и неколку други, вклучувајќи и еден наставник.

Убиени се учениците Ана Божовиќ, Софија Негиќ, Мара Анѓелковиќ, Андрија Чикиќ, Бојана Асовиќ, Ангелина Аќимовиќ, Ема Кобиљски, Катарина Мартиновиќ и Адријана Дукиќ и чуварот Драган Влаховиќ.

Момчето ладнокрвно се предаде на полицијата откако изврши масовно злосторство.

Еден ден подоцна, на 4 мај, во селата Мало Орашје и Дубона, во општините Смедерево и Младеновац, Урош Блажиќ (21) со автоматска пушка убил девет и ранил 12 млади луѓе.

Владата на Србија донесе одлука да ги воспостави 3 и 4 мај како Ден на сеќавање на жртвите на масовните убиства.

Makedonski