Мега – дерби во Сплит: Хајдук против Динамо, Адеми е повреден, Трајковски и Ристовски на клупа!

6

Хрватскиот шампионат влегува во самата завршница. Битката за титулата е супер интересна, Ријека и Хајдук имаат по 56 бода, а Динамо еден помалку. По ова се гледа дека кој и да ја освои титулата, ќе се радува наш фудбалер. Александар Трајковски (Хајдук), Аријан Адеми и Стефан Ристовски (Динамо) и Јован Манев (Ријека).

А денеска на „Пољуд“ во Сплит се игра едно од најголемите дербија на Балканот. Хајдук го дочекува Динамо Загреб. Со денови во градот под Марјан едноставно “врие“. Јасно им е на сите дека ако “билите“ сакаат титула по цели 20 години, денеска мора да победат, ако се знае дека Ријека утре игра дома со Горица. Ова дерби може нема да реши конечно кој ќе биде пшампион, ама секако по него некои работи ќе бидат појасни.

Кога сме кај македонските фудбалери, според медиумите во Хрватска, се очекува Трајковски да ја чека својата шанса од клупата на Хајдук, исто така и Ристовски кај Динамо. Додека поради повреда овој меч ќе го пропушти легендарниот капитен на “модрите“ Аријан Адеми кој сепак ќе биде дел од експедицијата на клубот во Сплит ако се знае од каква важност е овој меч.

Makedonski