САД не ја сакаат Романија во програмата за укинување на визите

3

Администрацијата на Трамп во петокот соопшти дека го отповикува приемот на Романија во американската програма за укинување на визите која дозволува безвизно патување во СAД, помалку од четири месеци по најавата дека државата ќе биде додаденаво програмата, пренесе „Ројтерс“.

Администрацијата на тогашниот претседател Џо Бајден во заминување на 9 јануари соопшти дека ја прифаќа Романија во програмата, велејќи дека исполнила строги безбедносни барања, вклучително и партнерство со американските органи за спроведување на законот за споделување информации за тероризам и сериозни злосторства. Новите правила требаше да стапат на сила околу 31 март.

„Ние сме благодарни за блиското партнерство на Романија во текот на годините за подобрување на безбедносната соработка. Романија може да биде преиспитана за прием во програмата за укинување на визите во иднина“, рече помошник-секретарот Триша Меклафин.

По Хрватска, Израел и Катар, Романија ќе беше 43 земја по ред примена во програмата. Програмата доведе до зголемување на туристите од земјите кои се додадени, бидејќи го олеснува доаѓањето во САД.

Makedonski