Владата одлучи: Референдумско отповикување на градоначалници и комунална полиција
На денешната седница на Владата поминаа измените во законот за локална самоуправа кои предвидуваа формирање на комунална полиција, референдумско отповикување на градоначалници и поголемо учество на граѓанскиот сектор во локално носење на одлуки.
Овие нови предлог- законски решенија доколку бидат изгласани во Собранието би почнале да важат за новите градоначалници после претстојните локални избори во октомври.