Поверојатна е разделбата помеѓу Таравари и Мицковски

4

Низ политичките кулоари кружат информации дека веќе се знае оти Таравари дефинитивно ќе ја напушти Владината коалиција односно ќе замине во опозиција.

Ова доаѓа откако Алијанса на Албанците односно крилото на Арбен Таравари донесе одлука на претстојните локални избори во октомври да настапи самостојно со сопствени кандидатски листи.

Во меѓувреме струеше и информација дека постоел премолчен договор помеѓу Таравари и Ахмети но за тоа досега нема конкретна и точна информација.

Вчера се сретнаа Арбен Таравари и Христијан Мицковски кои после средбата не дадоа изјави но беше потенцирано дека Алијанса ќе одлучи штом се извршат координација со партиските органи.

Makedonski