Флик: Не сакам да зборувам за судијата, му кажав се што имав да му кажам
Тренерот на Барселона, Ханси Флик, го изрази своето разочарување по елиминацијата на тимот од Лигата на шампионите од Интер. Тој не го криеше своето незадоволство од она што го сметаше за „нефер“ резултат и некои судиски одлуки кои, според него, беа во корист на „нераѕурите“.
Флик беше прашан што конкретно не му се допаѓа во врска со судењето на полскиот судија Шимон Марцињак, а германскиот специјалист претпочиташе да не дава детални објаснувања.