Билатерални средби на Муртезани на маргините на ЕУСАИР-форумот во контекст на претседателството на Македонија со регионалната иницијатива
На средбата со словенечкиот министер Јевшек, се разговараше за тековната подготовка на претседателството на Македонија со ЕУСАИР и за поддршката во рамки на новиот проект „Фасилити поинт“(Facility Point). Посебно внимание беше посветено на размената на искуства во областа на европската територијална соработка и управувањето со Интеррег- програмите, како дел од пошироките подготовки за идно користење на кохезиските и структурните фондови на ЕУ.
На средбата со Жил Кител, беа разгледани сите аспекти поврзани со претстојното претседателство на Македонија со ЕУСАИР, текот на подготовките, координацијата со засегнатите страни и поддршката од Европската комисија. Дополнително, беа отворени прашања поврзани со користењето на достапните финансиски и човечки ресурси, како и потребата од натамошно планирање за ефективна реализација на приоритетите во рамки на претседателството.