Непријатели во јавност, браќа во тајност
„Делчевски ниви“ со сериозен конкурент во Куманово.
По се што се изнаслучи во однос на спорната парцела на семејството Димитриевски која по низа перипетии и трансакции заврши во рацете на кумот на градоначалникот, за да на крајот се продаде на „Лидл“ по далеку позамашна сума.
Поддршката на ДУИ во кумановскиот Совет, по се изгледа беше клучна за изгласувањето на ДУП-от за урбаната заедница „Тоде Мендол“ предложен од градоначалникот Максим Димитриевски, а кој треба да го финализира процесот на „Лидлизација“ на парцелата која кумот на градоначалникот ја продава за баснословна сума од 600.000 евра.
Нереалната и превисока цена која патем во огромна мера ја надминува вистинската вредност за земјиште од трета категорија, отвара издржан сомнеж за голем коруптивен скандал.
Колку што е целиот случај сомнителен, толку е контроверзна и процедурата во Советот. Имено, ДУП-от веќе бил ставен еднаш на дневен ред уште пред две недели, а клучен глас тогаш бил советникот од ЗНАМ, Дарко Митевски кој патем е и брат на кумот на градоначалникот. По брзата и гласна реакција на јавноста градоначалникот Димитриевски ја повлекол точката заради „мир во куќа“. Но веќе на следната седница ДУП-от е повторно ставен на гласање и изгласан со поддршка на ЗНАМ, коалицијата ВРЕДИ, ВМРО-ДПМНЕ и со клучните четири гласови од ДУИ.
Оваа шема веќе подолго време функционирала по истиот рецепт па кога треба да се гласаат „сомнителни“ предлози и одлуки ЗНАМ, ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ДУИ делуваат како едно односно како една Власт.