Уапсен е убиецот кој вчера пукаше во Штип
Полицијата го уапсила турскиот државјанин кој избега ноќеска откако со пиштол застрела и уби друг странски државјанин во Штип, соопшти Основното јавно обвинителство Штип. Најден бил и пиштолот и во текот на денов осомничениот убиец ќе биде на распит пред обвинител.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип ноќеска вршел увид во кафе-барот каде се случило убиството. Уште веднаш биле идентификувани напаѓачот и жртвата, двајцата странски државјани.
-Од местото беа подигнати чаури и други траги кои ќе бидат предмет на вештачење, а телото на починатиот е дадено за обдукција. Обезбедени се и прегледани снимки од видеонадзор. Се преземаат и други дејствија за обезбедување докази, а увидните дејствија на локацијата ќе продолжат и денеска, вели Обвинителството.