Марка: Чаби Алонсо е новиот тренер на Реал Мадрид!
Според денешното издание на Марка, Чаби Алонсо и официјално е новиот тренер на тимот на Реал Мадрид. Според изданието, досегашниот тренер на Баер Леверкузен, седнува на најпрестижното тренерско столче на светот, и го менува досегашниот стратег Карло Анчелоти.
Сепак, Реал Мадрид ќе мора да ја плати клаузулата за ослободување во договорот на Чаби Алонсо со Леверкузен, бидејќи баскискиот стратег има договор до јуни 2026 година со германскиот тим, кој го направи шампион на земјата во сезоната 2023/24.