Вчера повторно прегазена девојка кај „Сити мол“

4

 

Кај „Сити мол“, вчера околу 18.40 часот автомобил прегазил девојче, но за среќа, без фатални последици.

 

-Во СВР Скопје е пријавено дека на булеварот „Партизански Одреди” во Скопје патничко возило „мини морис” со скопски регистарски таблици, управувано од Л. Т. (19) од Скопје удрило во пешакот О.П.. По несреќата, пешакот е пренесен во ГОБ „8 Септември” за укажување лекарска помош. Во тек е увид, информираа од Министерството за внатрешни работи.

 

Булеварот „Партизански одреди“ е еден од најнебезбедните сообраќајници во Скопје и важи за црна точка.

 

Како што веќе објавивме синоќа се случи и уште една сообраќајна несреќа на Партизанска во Скопје во близина на “Симпо”.

 

 

Makedonski