Дали е ова поради Дончиќ: Сите се смеат на тоа како Далас победи во лотаријата за избор за прв пик на НБА драфтот!
Иако имаше само 1,8 насто шанси да дојде до победа во НБА лотаријата за избор на прв пик на драфтот, сепак Далас успеа. И сега ќе може да дојде до најдобриот играч на драфтот кој е прв избор а тоа е Купер Флег.
По ова сите се смеат во НБА, дури и еден Леброн Џејмс имаше свој коментар на социјалните мрежи. Сите се прашуваат како е тоа можно.
Дали на повидок е скандал, ако се знае што му претходеше на оваа лотарија,.
Инаку има теорија дека ова е само поради фактот дека Далас го трејдуваше Лука Дончиќ и со тоа стана третокласен тим, па затоа би требало да му се помогне да дојде до големиот талент Купер Флег пред кого е блескава иднина.