12 години затвор за Васил Јованов

2

Судот на 20-годишниот Јованов Васил кој ја прегази Фросина Кулакова на пешачки премин, му изрече затворска казна во траење од 12 години.

Васил Јованов претходно ја призна вината за несреќата која се случи во јануари на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Да потсетиме дека Васил Јованов на 29 јануари под дејство на алкохол и без возачка дозвола управувал моторно возило и со брзина од над 90 километри на час на пешачки премин смртно ја прегазил Фросина Кулакова која поминувала на зелено светло.

 

Makedonski