Денеска претежно сончево време
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени, информира УХРМ.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 24 степени.
Во четврток кон крајот на денот, во текот на ноќта и во петок под влијание на влажен бран ќе има нови врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. Во деновите од викендот ќе се задржи променливото облачно време со повремен локален дожд.
Температурите ќе бидат под просекот за овој период од годината.