Мицкоски ќе одлучува кој ќе ги замени кадрите на Алијанса за Албанците во Владата

1

„Овој чекор на Таравари беше оценето дека претставува уште еден доказ дека групата на заштитници на криминалот и корупцијата добива нови редови – уште една маска падна, уште една илузија беше разоткриена. На политичката сцена се појави нов, добро координиран марионетски квартет: СДС, Алијанса, ДУИ и Левица – различни имиња, но ист газда. Различни маски, но ист сценарист“, информираат од паријата.

ДУИ, како што наведуваат, „со години инвестираше во создавање на лажни политички конкуренти кои всушност се негови продолжени раце.

„Така ги добивме СДС и Алијансата на Таравари – партии со речиси идентичен рејтинг, подготвени да бидат потрошени во функција на обидот за враќање на ДУИ на власт. И како што е случај со секоја потрошна роба, така и овие ќе бидат фрлени на политички отпад кога ќе ја завршат својата задача“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, жално е што токму ваквите политички приврзоци најдобро се снаоѓаат во улога на сервилни помошници – без став, без визија, без достоинство.

„Но, да биде јасно, државата не оди во провалија. Од провалијата ја вадиме. А тоа што ги боли е фактот што веќе нема амнестии, нема рекети, нема наместени тендери. Боли што правдата конечно тропа на нивната врата. На крајот, нека викаат колку сакаат. СДС, ДУИ и нивните политички вазали веќе се осудени – од граѓаните на изборите. А вистинскиот суд – оној на правдата – допрва доаѓа“, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Makedonski