Нови цени на горивата

12

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за поскапување на дизелот и бензините.

Од вечерва на полноќ малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 77 денари за литар, а цената на ЕУРОСУПЕР-98 ќе изнесува 79 денари за литар. Дизелот ќе се продава по 72 денари за литар додека екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава по цена од 70,5 денари за литар.

Промена има и во малопродажната цена на мазутот, кој од ноќеска исто така се зголемува, и ќе се продава по цена од 44,737 денари за килограм.

Makedonski