Тренерот на АЕК со порака до фановите пред мечот со Алкалоид: Дојдете да доживееме уникатно искуство!
Екипата на Алкалоид испиша уште една историска страница, се пласираше во финалето на ЕХФ Европскиот Куп. Актуелниот освојувач на Купот на Македонија и Супер-Купот ја приреди најубавата приказна во ова натпреврување, на крилата на младите македонски ракометари стигна до битка за првиот европски пехар. Тренерот, Кирил Лазаров успеа да најде решение после секој проблем и повреда, го извади сиот потенцијал од секој играч.
„Продолжуваме мирно со подготовките за првиот финален меч против Алкалоид. Тренираме мирно и со многу концентрација. Имаме време за да ја подготвиме тактиката и да ја зголемиме нашата сила. Ќе се соочиме со многу квалитетен противник. И покрај важноста на мечот, не гледам причина да брзаме со стратегијата. Се радуваме што мечот ќе се игра во Сунел Арена, имаме одлични сеќавања од Купот. Затоа ги повикувам сите навивачи да дојдат и заедно да доживееме уникатно искуство. Ве чекаме сите во недела за неверојатен ракометен момент“, изјави предводникот на грчкиот тим за клупскиот сајт.