Лудница во Премиерлигата во битката за пласман во ЛШ!
Синоќа во рамките на 36.коло се одиграа два меча во Премиерлигата. Челзи го победи Манчестер Јунајтед со 1:0 со голот на Кукуреља, а Астон Вила славеше против Тотнхем со 2:0. Нови порази на финалистите во Лигата на Европа.
И сега кога ќе се види табелата, од првата позиција до седмата, тоа е вистинска лудница. Пред се тука мислиме на битката за пласман во Лигата на Шампионите,а познато дека таму ќе се најдат првите петопласирани.
Ливерпул како шампион е сигурен, втор е Арсенал со 68 бода, па потоа следуваа Њукасл 66, Челзи со 66, Астон Вила со 66, Манчестер Сити со 65 и Нотингем со 62.
Неверојатно како изгледа табелата.