НСДП останува во коалицијата со СДСМ, одлучил Централниот одбор

4

НСДП вчера во Скопје одржа седница на Централниот одбор, на која се дискутираа тековните активности на партијата во пресрет на претстојните локални избори.

Партијата донесе одлука на овие избори, кои ќе се одржат во октомври, да учествува како дел од Коалицијата предводена од СДСМ.

Централниот одбор заклучи дека општинските организации на НСДП се целосно подготвени, како кадровски, така и оперативно, за активно учество во промоцијата на програмата и кандидатите за градоначалници и советници од коалицијата, со цел добивање поддршка од граѓаните и постигнување изборен успех.

Дополнително, НСДП ја започна внатрепартиската процедура за евидентирање и избор на кандидати за градоначалници и членови на општинските совети, вклучувајќи го и Град Скопје. Процесот ќе се спроведе транспарентно, легитимно и демократски, со цел избор на најсоодветните кандидати кои имаат најголеми шанси за победа“, стои во соопштението на партијата.

Makedonski