Заслужуваат полна сала: Од денеска во продажба билетите за мечот меѓу Алкалоид и АЕК

0

Алкалоид продолжи да пишува историја во ЕХФ Европскиот Куп. Актуелниот освојувач на Купот на Македонија победи на првото финале против АЕК, на гостински терен славеше со 25-29.

Билетите за реваншот, кој е закажан за 25. мај во СЦ „Борис Трајковски“ од денеска (13 часот) ќе бидат пуштени во продажба преку „МКТикетс“, а цената на билетите ќе биде 200 и 300 денари.

Makedonski