Филипче: Дали Владата е спремна за примање мигранти во нашата земја?

4

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција изјави дека партијата го поддржува Договорот за стратешка соработка со Обединетото Кралство, но воедно упати и прашање до Владата дали е подготвена да разговара за евентуално сместување мигранти во Македонија.

Го поддржуваме Договорот за стратешко партнерство со Велика Британија, но по информациите кои се појавија во британските медиуми, прашуваме дали Владата е спремна да разговара со Лондон за сместување на мигранти во нашата земја?

Тој се повикува на медиумски извештаи објавени по Самитот, според кои Велика Британија, по одбивањето од страна на Албанија за прифаќање мигранти, наводно разгледува можност за вакви договори со други земји од Западен Балкан.

Се наведува дека лидерите од регионот, вклучително и од Северна Македонија, не се согласиле со идејата за отворање кампови за мигранти, но изразиле подготвеност да разговараат за тоа. Затоа јавно прашуваме: дали Владата навистина е спремна да влезе во преговори за вакво нешто?“

Во однос на самиот договор со Велика Британија, тој нагласи дека СДСМ го поддржува процесот и ќе гласа за неговата ратификација во Собранието, потсетувајќи дека и претходни влади предводени од СДСМ потпишале слични документи.

„Обединетото Кралство е долгогодишен и доследен партнер на Македонија, особено во клучни моменти и кризни периоди. Сметаме дека овој договор е позитивен чекор и ќе го поддржиме во законодавниот дом“, истакна Филипче.

Makedonski