Герасимовски: Центар останува општина на солидарноста и хуманоста

2

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, синоќа присуствуваше на свечената академија по повод 80-годишнината од основањето на Црвениот крст на Северна Македонија.

Во своето обраќање, Герасимовски ја истакна успешната соработка меѓу Општина Центар и Црвениот крст, потенцирајќи дека таа значително придонела за подобрување на квалитетот на живот на жителите на Центар.

Проектите како што се ‘Итно копче’, бесплатниот транспорт за лицата со попреченост, редовните крводарителски акции и едукациите за прва помош во училиштата и градинките се препознаени и позитивно оценети од граѓаните. Горд сум што нашата соработка продолжува да се зајакнува. Заедно ја унапредуваме заедницата и им помагаме на луѓето. Центар ќе остане општина на солидарноста и хуманоста.

изјави градоначалникот Герасимовски.

Тој им го честиташе големиот јубилеј на претставниците на Црвениот крст, посакувајќи им уште многу години посветена работа во служба на граѓаните.

Makedonski