Уставен укина две одредби од Изборниот законик
Укинати оспорените членови на изборниот законик а старите одредби не се враќаат на сила. На шест месеци до локалните избори – непознато под кои услови независните кандидати ќе можат да настапат на изборите.
Со мнозинска одлука, Уставниот суд ги укина членовите 17 и 18 од Изборниот законик, со кој се крена прагот за собирање потписи за независни кандидати. Судиите цениле дека измените наместо по регуларен начин, донесени се по скратена постапка, нетранспарентно и непосредно пред оддржувањето на изборите.
-Станува збор за укинувачка одлука, а не за поништувачка одлука, што значи дека претходното правно правило не оживува и дека законодавецот во најскоро можно време треба да пристапи и да ја пополни оваа правна празнина. Во спротивно, евентуалното непостапување на законодавецот би значело дополнителна повреда. Да, во овој момент не постои правно правило по кои услови независните граѓани ќе учествуваат, Дарко Костадиновски претседател на Уставен суд.
За подносителите на иницијативата, измените, кои беа донесени во март 2024 година, а требаше да важат за локалните избори во октомври годинава, ги ставаат граѓаните во нееднаква положба.
-Ако една политичка партија може да функционира и поднесува листи независно каде во било која единица на локална самоуправа , изборна единица, со вкупно потпишани, регистрирани 1000 граѓани, тогаш која би била логиката за скопје независна листа да собира речиси 5000 потписи, Лилјана Поповска.