Акција на полициските сили низ Скопје
Под ингеренции на предметен обвинител што постапува во предметот под кодно име „Бункер“, единиците на МВР од рано утринава вршат претреси на пет локации во Скопје, извести Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Акцијата е резултат на обезбедени докази во рамките на истражната постапка што се спроведува против членовите на криминалната група „Беланоца-Барон“.
Обвинителството најави повеќе информации во текот на денот.