Кочанската болница се соочува со недостиг од персонал
Започна евалуацијата на здравствената состојба на сите повредени од пожарот во Кочани. Специјалисти од скопските клиники од денес, па во наредните неколку дена ќе прават евалуација на повредените во кочанската дискотека, со цел да видат каков третман и рехабилитација е потребна кај секој пациент поединечно.
Во кочанската болница во моментов се лекуваат околу 110 пациенти на дневна основа. Директорката Кристина Серафимова укажува и на недостиг од медицински кадар.
Серафимова најави дека во функција наскоро ќе се стави и хипербарната комора, за која се чека двајца здравствени работници да добијат соодветен сертификат за ракување. Во моментов, во кочанската болница 70 пациенти, кои што се со изгореници секојдневно доаѓаат на преврски, а 40 пациенти добиваат физикална терапија и со нив работат само тројца физиотерапевти кои дел од помагалата ги добија како донација од британскиот тим.
Дарко Златев е еден од повредените во пожарот. Тој откако се вратил од лекување во Белград, веќе десетти ден е на рехабилитација во кочанската болница. Вели дека има подобрување, но посочува и на разликите во третманот од лекувањето во српската престолнина и родното Кочани.
Инаку, во пожарот што се случи на 16ти март животот го загубија 62 лица, а 200 беа повредени.