Силен земјотрес од 6,1 степени го погоди Крит – постои ризик од цунами
Силен земјотрес со магнитуда од 6,1 степени според Рихтер денеска го погоди јужниот брег на Крит во Грција, соопштија сеизмолошките служби. Епицентарот бил во морето, 58 километри североисточно од Елунда, на длабочина од 68,9 километри, потврди Американскиот геолошки завод (USGS).
Засега нема извештаи за жртви или значителна материјална штета, но грчките власти се во состојба на зголемена готовност, особено поради проценката за можност од цунами.
Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC) соопшти дека е во тек анализа за евентуален ризик од бранови, додека цивилната заштита ги повика жителите на крајбрежните подрачја да останат внимателни и да ги следат официјалните препораки.
Островот Крит, кој важи за еден од најпопуларните туристички дестинации во Грција, се наоѓа во сеизмички активна зона и во последниве години беше погоден од неколку слични земјотреси.
Ситуацијата се следи со засилена внимателност, а службите за итни случаи се мобилизирани во случај на дополнителни потреси или други последици.