Сиљановска го предложи Трајко Славески за гувернер на Народната банка
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го предложи Трајко Славески за нов гувернер на Народната банка на Република Северна Македонија.
Од нејзиниот кабинет информираат дека при носењето на одлуката, Сиљановска се водела од стручноста, компетентноста, дигнитетот и интегритетот на кандидатот, како и од реалната можност за негово именување.
„Изборот беше тежок, со оглед на докажаниот квалитет на сите предложени кандидати“, се наведува во соопштението.
Трајко Славески во моментов е претседавач со Советот на Град Скопје и поранешен министер за финансии.