Советници од СДСМ во општина Кавадарци бараат одговори за работењето на Ски центарот „Михајлово“

5

 

Советниците од редовите на СДСМ во Советот на општина Кавадарци на последната седница побараа одговори на прашања поврзани со работа на новоотврениот ски центар „Михајлово“.

 

За советникот Вуко Мелов симптоматично е тоа што приходите на ски центарот се нешто над 10.000 евра (638.195 денари) што о превод би значело дека за цела сезона се продале нешто повеќе од 1000 влезници, ако се знае дека дневен билет чинел 500 денари.

 

-Се претставуваше дека голем број на посетители ја посетија ски стазата, по неколку илјади на ден, а вкупниот приход од продадени карти е околу 1.100- 1.200 за целата сезона. Зошто е тоа така? Дали Ски Михајлово изнајмуваше опрема за скијање, или тоа го правеше приватно лице и компанија, и дали има склучен договор со приватно лице за таа работа?, праша Мелов.

 

Тој праша и кој стопанисува со бачилото во центарот каде се служат храна и пијалоци.

 

Советничката Валентина Бањанска пак рече дека целиот финансиски извештај е многу сиромашен, напишан на една и пол страница и во него нема конкретни податоци колку билети се продадени, колкав е приходот од изнајнување на ски опера и сл, додавајќи дека јавноста треба да знае кој стопанисува со објектот бачило во ски центарот „Михајлово“.

Makedonski