Богатството на американската елита експлодираше во 2024 – Oxfam алармира за зголемена нееднаквост
И покрај економските турбуленции, најбогатите Американци во 2024 година го зголемиле своето богатство за неверојатни 365 милијарди долари – што е повеќе од 1 милијарда дневно, покажува извештај на Oxfam, објавен од CNN.
Илон Маск предничи со раст од 186 милијарди долари, што го доближува до титулата прв светски трилионер.
Богатството на Марк Закерберг, Волтон семејството и Ворен Бафет исто така значително порасна.
Од друга страна, основачите на Google бележат загуби.
Во исто време, просечниот американски работник заработува само околу 50.000 долари годишно.
Предложениот закон „One Big Beautiful Bill Act“, поддржан од Трамп, предвидува даночни олеснувања за најбогатите, додека ја намалува поддршката за социјални програми. Според CBO, најсиромашните 10% би можеле да изгубат до 4% од своите приходи до 2033 година.
Oxfam предупредува на драматична нееднаквост, нарекувајќи ја ситуацијата „астрономски пораст на богатството на елитата, додека обичните луѓе едвај преживуваат“.