Каја Калас: ЕУ сè уште верува во „План А“ за Северна Македонија

3

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи, Каја Калас, при денешната посета на Скопје порача дека ЕУ сè уште се надева на успехот на планот А за напредок на Северна Македонија кон членство во Унијата.

Ако преминеме на план Б, тоа значи дека сме се откажале од планот А. Ние не сме таму – уште работиме на планот А.

изјави Калас, алудирајќи на тоа дека сè уште има надеж и политичка волја за решение.

Таа истакна дека ЕУ е свесна за пречките што ја блокираат земјата, и дека се разгледуваат механизми за нивно надминување.

Според Калас, Северна Македонија припаѓа на ЕУ и е сигурен партнер, особено поради усогласеноста со надворешната и безбедносната политика на Унијата.

Таа го повтори ставот дека напредокот е можен – ако постои политичка волја, наведувајќи ги Албанија и Црна Гора како позитивни примери.

Makedonski