Венко Филипче: Антологиски грабеж зад кредитот од 6 милијарди евра
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од средбата со граѓаните во Штип остро ја критикуваше владата за, како што рече, нетранспарентно и штетно задолжување на државата со 6 милијарди евра.
Вчера го потпишале договорот, а веднаш потоа се сретнале со фирмите кои ќе бидат изведувачи. Каков тендер, каков Закон за јавни набавки – сè е тоа една голема лага!
изјави Филипче, алудирајќи на заобиколување на регуларните постапки за јавни набавки.
Според него, ова претставува „антологиски грабеж“ кој ќе има долгорочни последици по граѓаните и економијата. Тој предупреди дека долгот директно се префрла врз идните генерации.
Со овој заем, секое дете што ќе се роди следните 25 години, на самиот ден на раѓање ќе биде задолжено со 6.000 евра“, посочи Филипче, оценувајќи дека ваквото задолжување е непотребно, особено ако се имаат предвид европските фондови и грантови кои би можеле да се искористат за слични инфраструктурни проекти.
Лидерот на СДСМ порача дека граѓаните заслужуваат одговори и транспарентност, а не, како што рече, „договори зад затворени врати и игнорирање на законските процедури“.