Косовското Собрание ниту по 21 пат не се конституира – повторно нема кворум за тајно гласање
Ниту по 21 обид, новиот состав на Собранието на Косово не успеа да се конституира, откако и денешната седница пропадна поради недостаток на кворум за гласање за Комисијата за тајно гласање.
Иако на седницата присуствуваа 90 пратеници, само 53 гласаа „за“, а еден беше „против“, што не беше доволно за да се премине кон тајно гласање за избор на претседател на Собранието.
Ова е веќе дванесетта седница по ред што пропаѓа по истата точка – предлогот на привремениот претседавач Авни Дехари за преминување од отворено на тајно гласање, со цел да се обезбеди консензус за избор на претседател.
Конститутивната седница на деветтиот парламентарен состав започна уште на 15 април, но политичките блокади и несогласувањата меѓу партиите го спречуваат нејзиното финализирање.
Победничката партија од изборите на 9 февруари, Движењето Самоопределување, ја предложи Албулена Хаџиу за претседателка на Собранието, но таа во првите шест гласања преку отворен метод не успеа да обезбеди доволно поддршка, по што се премина со иницијатива за тајно гласање – која сè уште не може да се спроведе поради недостиг од кворум.
Следниот обид за конституирање на Собранието е закажан за 27 мај.