Нови поевтинувања на горивата – дизелот поевтинува за 1,5 денари, бензините за 0,5 денари
Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати, со важност од 21 мај 2025 година.
Според одлуката:
-
ЕУРОСУПЕР БС-95 поевтинува за 0,50 ден/лит, и новата цена изнесува 75,00 ден/лит.
-
ЕУРОСУПЕР БС-98 исто така се намалува за 0,50 ден/лит, и ќе се продава по 77,00 ден/лит.
-
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) бележи најголемо поевтинување – 1,50 ден/лит, и неговата нова цена изнесува 65,50 ден/лит.
-
Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поевтинува за 1,00 ден/лит, и ќе се продава по 68,00 ден/лит.
-
За разлика од останатите деривати, мазутот М-1 НС бележи поскапување од 0,625 ден/кг, и ќе се продава по цена од 37,433 ден/кг.
Новите цени се резултат на движењата на цените на нафтените деривати на светските берзи во изминатиот период, како и на курсот на денарот во однос на доларот.