Стојанче Ангелов нов директор на Дирекцијата за заштита и спасување
Владата го именуваше досегашниот директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, за нов директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).
Ангелов доаѓа на местото на Џеват Селами, кадар на Коалицијата „Вреди“, кој се наоѓа во домашен притвор како осомничен во истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој на 16 март трагично загинаа 62 лица.
Според најавите, функцијата директор на ЦУК ќе ја преземе нов кадар предложен од коалицијата „Вреди“, во рамки на договорот за распределба на функции меѓу партнерите во Владата.