Општина Маврово-Ростуше: Патот до Галичник ќе биде целосно саниран до месец јуни

15

Со писмо до месната заедница „Галичник“, градоначалникот на Општина Маврово-Ростуше, Медат Куртовски даде уверување дека процесот за изнаоѓање соодветно решение за санирање на оштетувањето на патот до селото Галичник е веќе започнат и треба да заврши до месец јуни.

Почитувни,
Сакаме да ве информираме дека Општина Маврово Ростуше изминативе 15 дена направи проценка на состојбата на одронот на улицата во Галичник со цел да може да се изработи правилна анализа и проект за нејзина санација.
Првичните проценки укажуваат дека обемот на градежните активности за потполна и темелна санација предвидуваат поголем градежен зафат од аспект на ресурси како и време за изведба.
Со цел сообраќајот во Галичник да се нормализира во претстојниот период донесовме одлука да отпочнеме постапка за изработка на проект и да распишеме тендер за итна набавка со цел да се направи преодно решение кое ќе биде безбедно и соодветно за претстојниот период.
Имајќи го во предвид комплексноста на приодот и големината на одронот очекуваме дека итната постапка ќе заврши и дека теренски работи во Галичник ќе ги завршиме во месец јуни за што очекуваме разбирање од населението.
Во меѓувреме сакаме да укажеме дека движењето на моторни возила се уште е забрането од безбедносни причини на конкретната локација и апелираме заради безбедност оваа забрана да се почитува од сите жители и посетители на Галичник.
Со почит,
Медат Куртовски
Општина Маврово Ростуше
се вели во писмото од градоначалникот на Општина Маврово-Ростуше.
Makedonski