Излезе од печат првата книга на Драге Пајковски – „МРЕНОГА МЕЃУ СОНОТ И ЈАВЕТО“

64

Драге Пајковски – Пајка на својот „Фејсбук“ објави дека од печат е излезена неговата прва книга „МРЕНОГА МЕЃУ СОНОТ И ЈАВЕТО“, која претставува збирка на повеќе од дваесетина раскази распослани на околу двесте страници.

Во тој простор се обидов да забележам еден мал дел од времето кое полека, но сигурно исчезнало. Да заробам дел од духот на старото македонско, горно-демирхисарско село. Овде во горно-селијава, во брсјачијава, пишувајќи за Мренога, како да сме пишувале за целата горно-селија, за овдешните планински села, кои си личеа едно на друго по секојдневието, по тишинита, по обичаите и воопшто по луѓето. Затоа што овде е истата радост, истата тага во душата на брсјакот, на горно-селецот кој живеел во пазувите на планините, помеѓу потоците, надвор од градската бучава. Не заминал, туку останал да се насладува со песната на славејот, да му се восхитува и да го почитува татнежот на планината, а одмор да му биде жуборот на многуте потоци. Поголемиот дел од расказите се инспирирани од вистински случки или преданија. Ќе бидете сведоци колку луѓето си го сакале селото, кое за нив било сè.
Сакам топло да ве поканам да ги прочитате страниците во кои е одсликана душата на мaкедонскиот човек. Тука е неговата тага, неговата радост, но и кавгите, сплетките, клетвите и интригите, се она што преставува живот во пазувите на планината, горноселијата, брсјачијата.
Во неговото известување уште и пишува:
Искрена благодарност до издавачката куќа при Домот на култура “Илинден” – Демир Хисар за нивната несебична поддршка во текот на целиот процес, преку кој заеднички овековечивме дел од моментите на моите соселани – спомени од едно време што одамна замина, но остана живо во нашите раскази.
Голема благодарност до издавачот-директор, главниот и одговорен уредник Славче Велјановски, уредникот Благоја Шундовски како и лекторот Милчо Јовановски.
се вели во известувањето на Драге Пајковски – Пајка.
Makedonski