Малолетник на нерегистриран мотор и без дозвола удрил пешак во Кисела Вода и побегнал

7

Малолетно лице кое управувало нерегистриран мотоцикл без возачка дозвола удрило пешак во скопската населба Кисела Вода, потврдуваат од МВР.

Несреќата се случила денеска околу 19:15 часот на булевар „Борис Трајковски“, кога мотоцикл марка „Пјаџо“ удрил во пешак, по што возачот го напуштил местото на настанот.

Пешакот бил пренесен со Итна медицинска помош во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, а полицијата подоцна го идентификувала и пронашла мотоциклистот, за кој е утврдено дека е малолетник без возачка дозвола.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Makedonski